септември 24, 2024

Во склоп на поранешната касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа. Согласно проектот е предвидено да се изградат два типа, односно едниот за деца од училишна возраст, а другиот за возрасни лица.

Таму веќе се одвиваат подготвителните работи, по што следува поставување на реквизитите. Паркот е направен според ЕУ стандардот EN 15567 (15567‐1 и 15567‐2) и ќе користи еден од најбезбедните системи за ваков тип на активности. Безбедноста во паркот e на високо ниво и уживањето на корисниците на рекреативниот авантуристички парк е големо и најважно неговата изградба нема никакво негативно влијание врз животната средина и дрвјата.

Главната цел на проектот е подобрување и проширување на туристичката и спортска понуда, со цел привлекување на странски и домашни посетители и групи, нудејќи им единствено катче за спорт, рекреација и дружење. Тоа значи нова активност на свеж воздух, со ново искуство за посетителот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK