септември 24, 2024

Ве покануваме да присуствувате на „ОТВОРЕН ДЕН НА МИТ УНИВЕРЗИТЕТ“ кој ќе се одржи на  17. 04. 2024 година (среда), во просториите на МИТ Универзитетот, од 12 часот до 16 часот. Настанот е наменет за матурантите и средношколците од сите средни училишта од земјава и од град Скопје кои официјално, преку Директорите, се поканети да учествуваат на настанот. За време на настанот планирани се работилници, освежување и закуска.

Во рамките на МИТ Универзитет функционираат 7 факултети:

Факултет за архитектураФакултет за безбедносни наукиФакултет за психологијаФакултет за економски наукиФакултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатијаФакултет за дентална медицинаКолеџ за медициска козметологија и физиотерапија.

За време на Отворениот ден на МИТ, ќе се одржат работилници од областа на:

ПСИХОЛОГИЈА (тестирање на присутните средношколци за професинална ориентација)ДЕНТАЛНА МЕДИЦИНА (имплантологија, хируршки интервеции, комплетна загуба на забите итн.),БЕЗБЕДНОСНИ НАУКИ (тестирање со Полиграф, земање отпечатоци, ДНК тестирање, кривично дело, итн.)ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ (практични вештини и реални предизвици на економскиот професионализам, подготовка за успешна кариера во економскиот сектор).КОЗМЕТОЛОГИЈА И ФИЗИОТЕРАПИЈА (роботика во рехабилитацијата основни концепти и техники, физикална терапија, акупунктурни шеми, роботика во козметологијата).АРХИТЕКТУРА (изложба на наши студенти, креативен процес на дизајнирање, основни концепти и инспирации, техники на дизајн, креативни методи и алатки за развивање на идеи, претворање на концептот во реален дизајн)ПРАВНИ НАУКИ (практични аспекти на правото преку интерактивни вежби и случаи од реалниот живот).

Ве замолуваме потврдите го Вашето присуството кај нашето контакт – лице Арлинда на 078 268 268. За сите дополнителни информации стоиме на располагање.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK