септември 24, 2024

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари вели дека Тел Авив мора да направи се што е потребно за да ја заштити државата, пишува Би-би-си. 

Хагари вели дека иранскиот напад бил спречен со кампањата за железна одбрана,  од Обединетото Кралство, САД, Франција и други земји, кои вистински го спречиле тој напад.

Најмалку девет земји беа вклучени во воената ескалација, со проектили истрелани од Иран, Ирак, Сирија и Јемен и соборени од Израел, САД, Обединетото Кралство и Јордан.

Во меѓувреме се обрати и поранешниот амбасадор на ОН, Дени Данон. Тој вели дека Израел не сака да започне војна со Иран. Во изјава за Би-Би-Си тој вели дека неговата земја не сака да започне целосна војна со Иран, но ќе најде паметен начин да дејствува како одговор на нападот со беспилотни летала и ракети лансирани во текот на викендот.

Данон е близок со премиерот Нетанјаху.

Тој вели дека владата ќе преземе акција „за да се увери дека лидерите на Иран ќе размислат многу внимателно следниот пат пред да дадат наредба да испратат балистички ракети и крстосувачки ракети во Израел“.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250


Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK