септември 24, 2024

Возило на МВР учестувало во судир на три возила што се случил на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско. Во несреќата со повреди се здобиле 6 лица констатирани во градската болница во Скопје.

„На 14.04.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, сопственост на МВР, патничко возило „пежо“, управувано од Ф.Х.(44) од Скопје и патничко возило „фолксваген буба“, управувано од А.Ш.(27) од с.Арачиново, скопско, сите со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на пежото и неговите четири сопатнички, Р.А.(57), Х.Х.(47), Р.А.(24) и А.А.(22 ), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди, исто така, се здобил возачот на возилото „фолксваген буба“, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK