април 29, 2024

Студентите од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, под водство на професорот Сашо Блажевски направија студиска обиколка на градинката Пролет во Центар, која е во финална фаза на градба. Во разговорот со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и со службите на Општина Центар, студентите беа информирирани за проектот и неговата реализација.

„Се работи за објект наменет за деца од предучилишна возраст единствен во државата по својата големина, современиот дизајн и енергетската ефикасност. Драго ми е што сте овде за да се запознаете со сите решенија и карактеристики на оваа градба бидејќи токму вие како идни планери и урбанисти сте кадар што е многу потребен не само во општината, туку  и во целата  државата” им порача Герасимовски на студентите од втората година на архитектонскиот факултет на Американ Колеџ.

Општинските служби задолжени за менаџирање на проектот на студентите им ги демонстрираа карактеристиките на објектот. Идните архитекти имаа можност да се запознаат со спецификите на проектот во секторот на греење, енергетска ефикасност, стабилноста и безбедноста на градбата, инклузивниот пристап, итн.

Новата градинка Пролет треба да биде завршена наесен, а во моментов се работи во внатрешноста на зградата. Градинка се простира на вкупна површина од 3.276 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 150 деца. Ќе има 9 занимални и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. Во градинката ќе има и лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето. Предвидена е и изградба на кујна само за потребите на градинката, со што децата ќе добиваат свежо зготвена и здрава храна.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK