ноември 24, 2024

– Три жени се убиени денеска во Рим кога маж извадил пиштол и почнал да пука за време на состанок на жители на станбен блок во градот, објавија италијанските медиуми.

Според извештаите, 57-годишен маж е приведен по пукањето што се случило во бар во населбата Фидене каде што се одржувал состанокот.

– Тој едноставно влезе во просторијата, ја затвори вратата и извика: „Сите ќе ве убијам“, а потоа почна да пука, изјави очевидец за италијанската новинска агенција Анса.

Во инцидентот се ранети уште четири лица, а најмалку еден од нив е со тешки повреди.

Според друг сведок, осомничениот е локален жител кој имал расправии со здружението на станари. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK