септември 27, 2024

Велибор Џаровски – Џаро, познатиот менаџер, почина денес на 75-годишна возраст, по кратко боледување, додека веста за неговото заминување ја објави неговата ќерка Милица.

– Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол“.

Тој зад себе ги остави сопругата Виолета, внуците Лара и Лука, но и единствената ќерка Милица, позната естрадна новинарка. Таа минатата година ја издаде книгата „Живот на коцка” која му ја посвети токму него.

Џаро соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.

Беше познат и како крал на местенките во фудбалот.

The post Милица Џаровска се прости од својот татко: Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK