мај 5, 2024

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада“ од Тетово под диригенската палка на професор Ивица Зориќ.

-Со овој концерт заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор од традиционалната фестивалска рамка 12-ти јули- 20-ти август. Имавме прекрасни концерти преку цела година со кои ја потврдивме големината на долгогодишното опстојување на оваа најзначајна културно-сценска манифестација“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.
Женскиот хор „Менада“ , предводен од диригентот проф. д-р Ивица Зориќ е еден од најрепрезантитивните хорови од нашата земја. Со своето четиридецениско делување тој прерасна во еден од стожерите во развојот и опстојувањето на хорската уметност кај нас.

Хорот „Менада“ е основан 1981 година во Тетово и сите овие години е предводен од маестро Ивица Зориќ. На репертоарот на хорот редовно се застапени композиции од најразлични епохи и стилови од македонската и светската хорска акапела и вокално-инструментална музика. Хорот е добитник на многубројни награди и признанија во Македонија, поранешна Југославија и Европа, за што сведочат бројните настапи на фестивали, конкурси и концертни турнеи во Чешка, Полска, Шпанија, Шведска, Холандија, Данска, Португалија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Албанија, Романија, Бугарија,Турција, Германија, Грција, Словенија, Австрија,Белгија, Косово…
FOKUS

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK