мај 6, 2024

Екс албанскиот претседател и актуелен лидер на албанската опозициска Партија на слободата, Илир Мета, е „воодушевен е од вчерашниот изборен резултат на ВМРО – ДПМНЕ”.

„Вчерашниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија, на тој модел, кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови“, изјавил Мета, јави албанската АБЦ њуз.

Мета изразува убедување дека победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај.

Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека, по примерот на случувањата во Македонија, треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и да биде алтернатива на изборите во 2025 година, пренесува албанската телевизија.

По скоро целосна обработка на гласачките ливчиња, Државната изборна комисија(ДИК) ги објави резултатите од вчерашните избори. Стево Пендаровски има 180.306 гласови или 19,93 проценти, Гордана Силјановска Давкова има 362.682 или 40,08 проценти, Стевчо Јакимовски освои 8.103 или 0,90 проценти, Бујар Османи доби 120.903 или 13,36 проценти, Билјана Ванковска Цветковска доби 41.172 гласови или 4,55 проценти, Арбен Таравари има 83.356 гласови или 9,21 проценти, а Максим Димитриевски освои 83.787 или 9,26 проценти.

фото МИА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK