мај 5, 2024

22-годишник од скопско Арачиново е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне. 

– На 24.04.2024 вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов-Ченто“ со сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK