мај 9, 2024

Наполи во сезоната 2024/2025 ќе влезе со нов тренер. РАИ објави дека Антонио Конте договорил тригодипна соработка. Наскоро трансферот ќе биде и официјално објавен.

РАИ, пишува дека Конте ќе работи за плата од 6.500.000 по сезона. Се потецира дека Конте ќе добие големи властувања, односно тој ќе го има главниот збор кога се во прашање трансферите.

Наполи има турбулентна сезона во која, претседателот Аурелио Де Лаурентис смени тројца тренери и веќе во првата третина од сезоната беше јасно дека нема да го бранат Скудетото.

Започна со Руди Гарсија, а потоа тимот го предводеа Валтер Мацари и Франческо Калцона, кои ќе ја завршат оваа сезона.

Последниот ангажман на Конте во Италија беше на клупата на Интер, со кој ја освои титулата во 2021 година. По Интер, тој го водеше Тотенхем, се раздели со него во март минатата година и оттогаш е без работа.

Во кариерата ги водеше и Челзи, Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари и италијанската репрезентација.

The post Конте ќе го предводи Наполи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK