мај 10, 2024

Сè уште е енигма кон кого од двајцата претседателски кандидати, Стево Пендаровски или Гордана Силјановска-Давкова, ќе се слеат гласовите од партиите на Албанците во вториот круг од изборите за претседател на државата. Опозициската коалиција „Вреди“ засега нема во план да го повикува својот електорат да гласа за кого било. Во синоќешната „Топ тема“ го открија ставот дека нивните гласачи треба сами да одлучат кому ќе го дадат својот глас.

Лидерите на коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, пак, планираат наскоро да одржат состанок на кој ќе заземат конечен став. Иако нивното барање за избор на претседател на државата да биде во Собранието го одбија и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, сепак го најавуваат како пресудно во нивната одлука.

Црвените линии на „Вреди“ за влез во влада, пак, се барањето за укинување на процентот 20 отсто за Албанците од Уставот и гаранции за уставни измени во рок од шест месеци. Подготвени се да преговараат со сите.

Бектеши, пак, потсети дека постои документ на кој се потпишани сите партии на Албанците во кој стои со кого нема да прават коалиција.

Преговорите, сепак, најмногу ќе зависат од позиционирањето на партиите на партиите на изборите на 8 мај.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK