мај 11, 2024

На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловиев, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.

Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…

По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.

Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.

Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Во моментов се зајакнуваат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.

Апасиев очекува над 80 илјади гласови и над 10 пратеници

Резултатот од првиот круг реално беше очекуван, а сега очекуваме […]

„ШАРЛ ДЕ ГОЛ“ ПОД КОМАНДА НА НАТО: За прв пат во историјата, француски носач на авиони е под команда на американски адмирал

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ две недели ќе биде […]

„ТИ СИ ДВОЈКА ЗА НЕГО“, девојката на фудбалерот БРУТАЛНО ја исмеваа на мрежите: Еве што им „пречело“ кај неа, а таа е ПРЕУБАВА

Силеџиството на социјалните мрежи, во вид на остри коментари, за […]

УКРАИНА МОРА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ 15 КМ НА ЗАПАД: Веќе не можат да го задржат налетот на Русите, пука целата линија на ОДБРАНА (ФОТО)

На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува […]

(ФОТО) ОГРОМНА ТЕРАСА, ЅИДЕН ДВОР: Ова е домот на Верица Шерифовиќ, секој детал е внимателно одбран

Пејачката Верица Шерифовиќ живее во Крагуевац, а малкумина знаат како […]

Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјоновка.

Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјоновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.

Украинскиот телеграм канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.

Инаку, Украина покрена истрага против бригадата која без наредба се повлече од позицијата кај Очетерин!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK