мај 12, 2024

Од денес погледот кон небото нема да е ист!
Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата, надежта и љубовта.
КРСТОТ!

Овој ден ќе го запише историјата!

Крстот е икона на верата, симбол на возвишеноста на човекот пред бескрајната моќ на небото.
Во неговите контури е собрано целото значење на христијанството, каде се преплетуваат симболиката на жртвата, спасението и вечната љубов кон Бога!

Осветувањето на овој Македонски Крст е чин на почитта кон минатото, вера во иднината и мост кој не спојува сите нас.
Тој ќе стои тука, како светилник на нашата заедница, потсетувајќи нè на човековите вредности, на моралот и на нашиот пат кон почит и човекољубие.

Силно верувам дека Бог нè осветлува и нè води, потсетувајќи нè дека секој наш чекор, секој наш обид да градиме нешто во Негово име, е благословен и благодетен.

И затоа, ова е богатството и заветот што го оставаме за следните генерации!

Овој Крст е биде светилиште за сите, мирно место за размислување и молитва, новото збиралиште и центар на Кисела Вода, а можеби и на цело Скопје, од каде ќе одекнува заедништвото, сплотеноста, и љубовта!

Огромно благодарам на Светскиот Македонски Конгрес, на МПЦ И Г.Г. Стефан, и на секој поединец, на секоја компанија, на сите кои дадоа свој придонес за изградбата на Македонскиот крст.
Благодарам и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Hristijan Mickoski и иден премиер за целата поддршка која ми ја даваше овие две години.
За секој совет и стисната рака!

Посебно ми е драго што неговото осветување се случува денес, кога го славиме празникот Цветници, во предвечерјето на најголемиот ден за христијаните-Велигден.

Празникот кој ја слави победата на животот над смртта и кој на највисок пиедестал ја издигнува верата.

Денешниот ден е силен одек за времињата што доаѓаат, за промените што веќе започнаа да се случувaат, за новите историски моменти кои допрва ќе ги испишуваме во историјата на нашата Македонија.

Со Божји благослов продолжуваме напред со проекти, со дела кои ќе бидат нашиот потпис и влог во иднината што ја оставаме на следните поколенија.

Да сте живи и здрави,

да живее Македонија!
Пишува градоначалникот Орце

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK