мај 20, 2024

Камерунскиот борец Френсис Нгану (37) доживеа голема семејна трагедија. Почина 18-месечниот син на поранешниот шампион на УФЦ.

„Неговата смрт се случи прерано. Моето момче, пријател, партнер Коби беше среќен и полн со живот. Сега лежи безживотно”, објави Нгану на социјалните мрежи.

Засега не се познати околностите за смртта на неговиот син.

„Го викнав неговото име, но тој не одговори. Го доби најдоброто од мене и сега веќе не знам кој сум. Животот е неправеден бидејќи удира таму каде што најмногу боли. Како се справувате со нешто како Како се живеесо ова, ве молам помогни ми, не знам како да се справам со ова?“

pic.twitter.com/aHD685fbMQ

— Francis Ngannou (@francis_ngannou) April 29, 2024

Нгану е фантастичен борец и поранешен шампион на УФЦ во тешка категорија, кој сега е под договор организацијата ПФЛ. Изминатите две борби му беа во бокс. И во двете ги загуби од Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, иако стручните коментатори беа воодушевени од она што тој го покажа со оглед на тоа што досега се занимаваше со ММА.

The post Неопислива трагедија, почина 18-месечниот син на Френсис Нгану appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK