мај 21, 2024

Украсувањето јајца за Велигден ги поместува границите на креативноста од година во година. Според традицијата, црвената боја симболизира радост, а се останато е прашање на имагинација.

Најбарани техники за боење јајца се оние кои даваат прекрасен резултат на најприроден можен начин, без употреба на хемикалии кои би можеле да навлезат во лушпата.

Доколку ви недостасуваат идеи, се предлага јајцата да ги обоите во впечатлива златна боја. Освен што изгледаат привлечно, се верува дека златните јајца привлекуваат успех, среќа и богатство.

За моќен, златен сјај на велигденските јајца, најважната состојка што ви треба е куркумата.

Прелијте ги јајцата со вода и додадете една лажичка сол. Кога водата ќе зоврие, варете уште 7 минути на тивок оган.

После тоа, префрлете ги јајцата во сад со ладна вода.

За боење потребни ви се 20 грама куркума, 800 мл топла вода и една лажица алкохолен оцет.

Измешајте ги состојките, а потоа потопете ги јајцата во добиената смеса.

Оставете ги да отстојат 90 минути, а доколку сакате поинтензивна боја, може да биде и подолго, со повремено мешање.

The post Се верува дека златните јајца носат пари во домот: за бојадисување потребна е само една состојка од кујната appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK