мај 17, 2024



Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, претседателот на Чешката Република Петр Павел и чешкиот премиер Петр Фијала на денешната конференција во Прага по повод 20-годишнината од проширувањето на Европска унија повикаа Западен Балкан да не се остава долго да чека пред портите на Унијата бидејќи не смее „да остане сива зона за руското деструктивно влијание“.

– После 20 години, 10 земји повторно се во процес на влез во ЕУ. Путин ќе го примени своето деструктивно влијание каде што може. Балканот не смее да остане сива зона за тоа. Земјите од Западен Балкан, Украина припаѓаат на нашиот простор, рече Штајнмаер.

Германскиот претседател рече дека нападот на Русија не е само врз Украина, туку и врз сите историски лекции што Германија и Чешка и цела Европа ги научиле од двете светски војни.

– Со рускиот напад врз Украина, војната се врати во Европа. Подмолниот напад врз нашиот сосед е истовремено и напад на идејата за мирољубив соседски живот во Европа, кршење на меѓународното право со последици далеку надвор од границите на Украина, кои не засегаат сите нас, рече Штајнмаер.

Германскиот претседател во текот на својот говор неколку пати потенцираше дека ЕУ е историски најголемиот мировен проект кој треба да се брани бидејќи не се подразбира сам по себе и не е неуништлив, пренесе Бета.

– Би го цитирал (поранешниот) чешки претседател Вацлав Хавел во врска со интервенцијата во Косово дека „има моменти кога треба да се каже доста“. Тоа не е само чин на солидарност, туку и на самоодржување. Руската агресија е напад на сите лекции што ги научивме во Германија и Европа од двете светски војни. На тој напад можеме да одговориме на единствен начин – со поддршка на Украина како составен дел на Европа и идна членка на ЕУ“, рече Штајнмаер.

Претседателот на Чешка Петр Павел на конференцијата по повод одбележувањето на две децении Чешка во ЕУ посочи дека безбедноста на ЕУ не почнува од нејзините граници туку многу подалеку и оти е неприфатлива индиферентноста кон соседите на Унијата.

– Имам разбирање за земјите кои стојат пред вратата на ЕУ, нивните амбиции ја докажуваат привлечноста на тој проект. Проширувањето е исто така геополитичка неопходност. Ако ги оставиме Западен Балкан, Украина и Молдавија да стојат пред вратата на ЕУ, ќе ги оставиме на милост и немилост на Русија и на актерите кои не и посакуваат добро на Европа, рече чешкиот претседател.

Чешкиот премиер Петр Фијала, исто така, истакна дека проширувањето со Црна Гора, Србија, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово е неопходно за безбедноста на континентот и самата ЕУ.

– Да им ја дадеме таа шанса и да ги искористиме можностите што ќе ни ги донесе тоа. Тоа проширување е неопходност за безбедноста на ЕУ. Секоја друга опција е полоша и за нив како и за нас, рече Фијала.

Зборувајќи за клучните достигнувања и придобивки од проширувањето пред две децении за сите членки на ЕУ, не само економски, туку пред се мировни и решавање на проблемите и несогласувањата со постигнување компромис, и претседателот и премиерот на Чешка истакнаа дека Европа сега мора активно да се брани бидејќи не е неуништлива и од надворешни закани, како што е агресивната политика на Русија, и од внатре.

– И внатре во ЕУ има оспорување на основните демократски вредности. Неодговорните популисти го оспоруваат целиот проект на ЕУ. Кругот ѕвезди на знамето на ЕУ ја покажува природата на нашата заедница – сите ние сме поврзани и во исто време слободни. На ЕУ и треба да се брани бидејќи таа сигурно не е неуништлива, како што предупреди во својот говор претседателот Макрон во Сорбона. Опасно е да се однесуваме како тоа што сме го постигнале да е засекогаш сигурно, рече германскиот претседател.

Франк-Валтер Штајнмаер во Прага ги повика Европејците да излезат на европските парламентарни избори и да не дозволат популистите да ја нарушат нивната доверба во институциите и да ги убедат дека најгласните гласови се најважни. 

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK