мај 15, 2026

Во Белград, денска звечено беше означен почетокот на изградбата на Националниот стадион. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека овој стадион, за четири годони ќе биде домаќин на финалниот натпревар во Лигата Европа.

„Финалето на Лига Европа ќе се игра во 2028 година на Националниот стадион, еве ви информација“, изјави Вучиќ.

Тој најави дека стадионот ќе биде готов за две години.

Националниот фудбалски стадион ќе има околу 52.000 седишта и ќе биде изграден според сите стандарди на УЕФА. Стадионот ќе биде изграден според архитектонскиот проект на Марк Фенвик.

Вучиќ истакна дека Србија со изградбата на Националниот стадион би можела да аплицира со Унгарија за организација на Олимписките игри.

„Ќе продолжиме да ја развиваме инфраструктурата, а планираме во иднина ние и Унгарија да аплицираме за Олимписките игри. Исто така со Албанија можеме да се кандидираме за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година, отворањето кај нив, затворањето кај нас“, рече Вучиќ.

The post Финалето во ЛЕ во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на ЕП за играчи до 21 година appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK