Директорот на Институтот „Истражувачки центар за имиграција“ лоциран во Минхен, смета дека на Германија и се потребни 400.000 квалификувани работници годишно за да се одговори на потребите на пазарот на труд.
Германија треба да ги реформира законите за државјанство и имиграција за да привлече повеќе квалификувани работници од странство, изјави проф. Пану Путавара експерт за миграција.
„Бројот на оние што се пензионираат е поголем од оние што влегуваат на пазарот на трудот. Така, без имиграција, германската економија би можела да се соочи со големи проблеми“, вели тој.
Директорот на Институтот „Истражувачки центар за имиграција“ лоциран во Минхен, смета дека на Германија и се потребни 400.000 квалификувани работници годишно за да се одговори на потребите на пазарот на труд.
Најголемата економија на ЕУ моментално се соочува со значителен недостиг на работна сила, особено во информатичката технологија, обновливите извори на енергија, градежништвото, инженерството и медицинскиот сектор.
Путвара вели дека планираните реформи на владата во законот за имиграција може да и помогнат на земјата да се справи со демографските предизвици и да остане конкурентна.
„Генерално, ова е многу модерен закон, и можеби е најсовремен“, рече тој, но предупреди дека многу зависи од неговата имплементација и намалувањето на бирократијата.
„Големо прашање е колку непречено ќе биде спроведувањето, особено времето на чекање во амбасадите и конзулатите. Ако тие времиња на чекање можат доволно да се скратат, законот има голем потенцијал“, рече Путавара.
„Друг проблем на Германија кој може да го реши е бирократијата. Така, на пример, кога станува збор за препознавање на вештините на медицинските сестри, тоа трае предолго во Германија и забрзувањето на таквите административни процеси е најважниот дел од новиот закон за имиграција“, додаде тој.
Фаќање чекор со САД и Велика Британија
Според планот, Германија ќе усвои нов имиграциски систем заснован на поени во 2023 година, сличен на канадскиот модел, кој ќе им овозможи на добро квалификувани работници кои не се државјани на ЕУ да дојдат и да бараат работа.
Реформата предвидува и поедноставување на административните процедури за признавање на професионалните квалификации на имигрантите и олеснување на постапките за прием на членови на нивното семејство.
Германските индустриски здруженија и компании долго време бараат реформи, нагласувајќи дека земјата заостанува зад традиционалните имигрантски земји во привлекување висококвалификувани работници и достапни можности.
„Не би рекол дека Германија е непопуларна. Така, во моментов, Германија е веднаш зад САД како земја со најголем број имигранти во светот. Но, вистина е дека кога станува збор за привлекување, да речеме на пример, ИТ професионалци, или лекари или медицински сестри, тогаш Германија е во послаба позиција од САД или Велика Британија, Канада“, смета Путвара.
„Голем дел од ова се должи на јазикот, така што земјите од англиско говорно подрачје имаат предност бидејќи многу потенцијални имигранти зборуваат англиски, или како мајчин јазик или го научиле“, рече тој.
Планираните реформи на Германија, исто така, ќе им овозможат на имигрантите да имаат двојно државјанство или повеќе националности, што во моментов не е можно за имигрантите од одредени земји.
Путвара смета дека реформата ќе биде позитивен чекор и ќе ја подобри интеграцијата на имигрантите и нивните деца.
„Би рекол дека, дефинитивно, можноста побрзо да стекнете државјанство помага во интеграцијата“, рече тој, цитирајќи различни студии.
„Добивањето државјанство ги прави луѓето поинтегрирани и им дава, особено на децата, посилни стимулации да инвестираат во вештини специфични за земјата“, вели Путавара, мислејќи на јазичните вештини и запознавање со културата.
Пократки процедури
Германската коалициона влада планира да ги заврши законските измени во наредните недели и да ги достави до парламентот на одобрување во првата половина на 2023 година.
Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц, Зелените и про-бизнис Слободните демократи ветија дека ќе ги реформираат законите за државјанство и имиграција кога го потпишаа нивниот коалициски договор во декември 2021 година.
Како дел од имиграциските реформи, оние кои веќе неколку години живеат во Германија би требало полесно да станат граѓани. Наместо осум години, како што е сега, државјанство ќе може да се добие по само пет години престој во Германија.
Во случај на „посебни достигнувања за интеграција“, доволен ќе биде престој од само три години – на пример ако имигрантите покажале посебни академски, професионални достигнувања, доброволна посветеност или имаат особено добри јазични вештини.
Децата родени во Германија од странски родители треба автоматски да станат Германци доколку едниот родител има „законско вообичаено престојувалиште“ во Германија пет години по ред, а не по осум години како досега.
TRT Balkan
Следете не, не има насекаде