мај 17, 2024

На денешен ден, 2 мај 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот натпревар досега.

Тој егзибициски меч се играше на Мајорка, а во историјата на тенисот е познат како „Battle of Surfaces“.

Имено, теренот на кој играа беше поделен на две подлоги. Од едната страна имаше земја, а од другата трева. Тоа беше затоа што Шпанецот доминираше на земјена подлога, а Швајцарецот на трева и идејата беше овој меч да даде одговор кој е вистинскиот крал на тенисот.

Седум илјади гледачи го следеа натпреварот во живо, а повеќе од 200 милиони луѓе ширум светот го следеа натпреварот на ТВ екраните. На крајот победи Надал со 7:5, 4:6, 7:6 (12:10).

The post Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK