Boston Dynamics, компанија која произведува роботи, објави ново видео од своето куче-робот Spot Mini кое сега има „крзно“.

Познатиот робот Spot Mini е трансформиран од дистописка машина со четири нозе во необична марионета наречена Sparkles.

Сето тоа е дел од проект кој истражува комбинирање на роботика, уметност и забава, бидејќи Sparkles има сино сјајно крзно.

Во оваа прилика беше објавено и видео на кое се гледа како сега изгледа Spot Mini роботот, а се предизвика интересни коментари кај луѓето.

„Конечно успеавме и во тоа. Луѓето измислија: куче“, гласеше еден од хумористичните коментари.

Boston Dynamics не објави премногу детали за намерите на овој проект, а нема информации за што би можел да се користи Sparkles во иднина.