мај 17, 2024

Баер Леверкузен победи на „Олимпико“, со што направи џиновски чекор кон пласманот во финалето на Лига Европа. На добар пат да му се придружи е и Аталанта која одигра нерешено со Олимпик во Марсеј.

Четата на Чаби Алонсо нема намера да запре, од почетокот на сезоната се уште нема пораз. Вечерва новиот шампион на Германија ја победи Рома во Рим со 2:0, во првиот полуфинален натпревар во Лига Европа.

„Фармацевтите“ водеа со 1:0 по првиот дел со голот на Вирц цо 28.минута, а победата ја потврди Андрих со спектакуларен гол во 73.минута.

На „Велодром“ во Марсеј сите дилеми околу конечниот резултат беа решени во првите 20 минути. Скамка и донесе предност на Аталанта во 11.минута, девет минути подоцна изедначи Мбемба.

Реванш натпревари на програмата се наредниот четврток.

The post (Видео) ЛЕ: Баер зачекори во финалето, Аталанта избори реми во Марасеј appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK