мај 16, 2026

Вкупно 1,8 тони кокаин е запленет од чамец кај островот Сен Мартен во француската Западна Индија (француски Антили), јави француската телевизија канал Европа 1.

Запленувањето се случило вчера доцна попладне, кога чамецот, без име и регистрација, бил врзан за понтон во градот Маригот, на француската страна на островот, според извор запознаен со истрагата.

Локалните жандарми пронашле „неколку десетици пакувања“ кокаин, со вкупна тежина од 1,8 тони, а полицијата се уште трага по шверцерите, кои веднаш побегнале, додава изворот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK