ноември 22, 2024
Технолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) бележи зголемување на работните места во компаниите за 17 проценти, позитивен тренд на раст е забележан и во однос на извозот и увозот. Заклучно со ноември извозот од ТИРЗ достигна речиси 3,5 милијарди евра, додека за оваа година регистриран е увоз од 3,09 милијарди евра.

– Над 2 300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава досега. Бројот на вработени заклучно со ноември се искачи на 16.300 што е зголемување од 17 проценти за само една година, покажува. Само во ноември се отворени речиси 300 нови работни места, информира дирекцијата на ТИРЗ.

Растот на увоз за оваа година, како што соопштија е на највисоко ниво од постоењето на зоните.

– Анализата покажува дека извозот од јануари до ноември годинава е за 27 отсто повисок од истиот период во 2021, односно за 49 проценти повисок споредено со 2020. Компаниите во зоните 2021 ја завршија со извоз од три милијарди евра за една година што беше рекордно ниво досега, се вели во соопштението.

Во однос на увозот забележано е зголемување за 17 проценти повеќе од 2021 година, или 60 отсто споредбено со истиот период во 2022 година.

– Заклучно со ноември продолжува и растот на нето извозот кој достигна 12,3 проценти. Само во ноември нето извозот е речиси 23 отсто, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места, велат од ТИРЗ.

Очекуваат ваквиот позитивен тренд на економски активности во Зоните да продолжи до крајот на годината.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK