мај 17, 2026

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот договор со Азербејџан може да биде потпишан до ноември, пренесува БТА.

Ерменија доживеа голем пораз минатиот септември кога азербејџанските сили го зазедоа регионот Нагорно-Карабах населен со етнички Ерменци.

Тој, исто така, порача дека ерменската Влада не се согласува други да носат одлуки за неа, и во тој поглед Република Ерменија напредува кон својот суверенитет, коментирајќи го оддалечување од Русија и развивање на односи со Европската Унија.

– Откако ќе биде регистриран нашиот суверенитет, ќе утврдиме во рамките на нашиот суверенитет со кого и какви односи ќе имаме. Ние одлучуваме во процесот на развивање на тие односи, нагласи премиерот на Ерменија

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK