мај 19, 2024

Шминката може да биде ваш голем сојузник, но и „непријател“, доколку не ја користите на вистинскиот начин.

За да изгледате убаво и да ја истакнете вашата убавина, не треба да бидете експерт за шминкање. Со овие три начини секогаш ќе изгледате убаво и заводливо. Исто така, ќе направи да изгледате заводливо и авангардно.

Три ЗЛАТНИ правила кои секоја жена мора да ги знае: Со помош на овие трикови ќе изгледате 10 години помладо

Нагласени трепки и веѓи
Овој изглед се карактеризира со долги трепки и нагласени веѓи. На горните очни капаци можете да нацртате малку подебел и подолг ајлајнер и на овој начин да добиете изглед на мачкини очи.

Оваа шминка можете да ја комплетирате со кармин во боја на вишна, исто како што тоа го прави Меган Фокс. Ќе изгледате многу сензуално.

Посилна сенка, за изглед како мачка
Уште една класика која секогаш се враќа во мода, доаѓа од 60-тите години на минатиот век. Долги трепки и изразена сенка.

За да постигнете изглед налик на мачка, изострете ја и нагласете ја сенката особено на аглите на очите. Со оваа шминка, карминот во посветли тонови, во боја на кожата, ќе биде одличен избор.

Маскара во боја
Нанесувањето маскара е суштински дел од секоја шминка. Осмелете се и пробајте маскара во боја.

Пробајте сина или можеби зелена маскара. Ќе добиете поинаков изглед кој е забавен и интересен. Исто така, вашите очи ќе бидат во преден план.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK