мај 17, 2026

Социјалната мрежа ТикТок објави дека ќе започне автоматски да ја означува секоја содржина создадена со вештачка интелигенција (ВИ).

„ВИ овозможува неверојатни креативни можности, но може да ги збуни и заведе гледачите ако не знаат дека содржината е создадена со помош на вештачка интелигенција. Означувањето е важно за да се направи контекстот појасен“, се вели во соопштението на ТикТок.

Содржината на ТикТок претходно беше означена ако е создадена со помош на вештачка интелигенција на таа платформа, но ова сега ќе биде случај и со вештачката интелигенција надвор од ТикТок.


The post ТикТок почнува да означува содржини направени со вештачка интелигенција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK