мај 20, 2024

Честитки за народот, за сите охриѓани кои ни дадоа огромна поддршка и доверба испраќајќи единствена порака дека е време за ново поглавје и доаѓаат подобри времиња.

Охрид доби тројца пратеници од ИЕ5 во Собранието на Република Македонија:

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа.

Резултатите од изборите зборуваат за огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Претседателски избори:

Гордана Силјановска-Давкова – 21.316

Стево Пендаровски – 7.692

Парламентарни избори:

Коалиција ,,ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО-ДПМНЕ
17.696

КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ
4.852

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија
2.624

Политичка Партија ЛЕВИЦА
2.249

Коалиција ,,ЕВРОПСКИ ФРОНТ’’
1.814

КОАЛИЦИЈА ВЛЕН
500

Ова е двојна победа. Оваа генерација ја има неповторливата можност да создаде ново поглавје во кое Македонија ќе биде горда и Македонија ќе биде ваша и ќе има иднина заоснована на вредности и надеж.

Ќе го направиме овој мандат, а и ќе ја направиме оваа деценија од нашата историја нешто што ќе се памети со генерации.

Покажуваме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK