мај 20, 2024

Ривал на Фиорентина во финалето на Конференциската лига ќе биде Олимпијакос. Црвено-белиот тим ја совлада Астон Вила со 2:0 во реваншот од полуфиналето во Пиреја.

Грчкиот тим се пласираше во првото финале во натпреварување организирано од УЕФА, благодарение на Ајуб Ел Каби, кој погоди двапати во 11. и 79. минута. Репрезентативецот на Мароко во двата натпревари против Астон Вила постигна пет од шестте голови на Олимпијакос.

Домашните брзо поведоа пред своите гледачи, во 11.минута Ел Каби го прифати додавањето во шеснаесетникот, брзо реагираше и упати удар кој заврши во долниот десен агол.

Со оглед на тоа што грчкиот тим имаше 4:2 од првиот натпревар, овој резултат им одеше во прилог во текот на целиот натпревар. За нов гол се чекаше до 79.минута и повторно стрелец беше Ел Каби.

Олимпијакос за трофејот ќе се борис со ланскиот финалист Фиорентина. Финалето ќе се игра на 29.мај, на стадионот на АЕК во Атина.

The post (Видео) Олимпијакос е финалист во Конференциската лига, за трофејот ќе игра против Фиорентина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK