Нуркачите од бродовите нема да можат да нуркаат без оглед на целта додека бродовите на странските вооружени сили се во турските води и пристаништа
Бродовите на странските вооружени сили нема да можат да управуваат со беспилотни летала, како што се авиони и хеликоптери, во турскиот воздушен простор без дозвола, објави Службениот весник на Туркије.
Нуркачите од бродовите нема да можат да нуркаат без оглед на целта додека бродовите на странските вооружени сили се во турските натрешни води и во пристаништата. Меѓутоа, во случаи за кои е потребна итна карантинска контрола или поправка на бродот, нуркањето може да се направи со дозвола на турските власти, придружувани од турски персонал.
Според регулативата, бродовите поврзани со странските вооружени сили ќе ги известат надлежните органи преку релевантна радио врска, наведувајќи го името и локацијата на бродот, на 5 милји од турските внатрешни води или пристаништа.
Бродовите на странските вооружени сили можат да вршат и „итни“ посети на Туркије, односно влез поради итни здравствени причини.
Следете не, не има насекаде