На 31.12.2022 околу 16.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Орде Чопела” со ул.„Мире Цилкоски” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд” со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.С.(71) од Прилеп и мотоцикл „априлија” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(35) од Прилеп. По несреќата, Г.К. бил пренесен во Градска болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
The post Tешко повреден моторџија во судир со „форд“ appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде