– Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Гери Невил оцени дека Португалецот Кристијано Роналдо со трансферот во саудиски Ал Наср веќе нема да игра на врвно ниво.
Роналдо во петокот вечер потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, а според договорот, кој има и комерцијална страна, на годишно ниво ќе заработува вкупно 200 милиони евра.
„Овој трансфер ни говори за неколку работи. Прво, ни кажува колку Саудиска Арабија е сериозна кога е во прашање фудбалот. Вложија 350 милиони во еден играч. Се обидуваат да ја зајакнат лигата. Меѓутоа, за Кристијано Роналдо имав чувство дека сака да остане, барем до крајот на сезоната во некоја од најсилните европски лиги и да дава уште голови. Потенцијално да игра во Лигата на шампиони. Можеби клубот кој тој го сакаше во Европа не го сакаше него и затоа ја избра оваа опција. Елементот на тага е тука, бидејќи веројатно веќе нема да го гледаме како игра на врвно ниво“, изјави Невил за Скај спорт.
Роналдо се пресели во Ал Наср без обесштетување откако минатиот месец спогодбено го раскина договорот со Манчестер јунајтед.
Следете не, не има насекаде