ноември 22, 2024

Регионалниот ЦУК Велес, од вечерта после полноќ во саботата на 31.12.2022 година, континуирано е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар од Мало Мовче во Велес.

-Денеска, согласно вонредна информација од 12.00 часот од Регионалниот ЦУК Велес (ПО РКОА РЦУК Велес) и координација со субјектите – институциите учесници во Системот за управување со кризи (СУК), Полицијата – СВР Велес и пожарникарите – ТППЕ Велес, коишто учествуваат во потрагата, лицето коешто се фрлило во Варадар не е пронајдено. Во текот на денот потрагата се одвивала од копно, од централното градско подрачје низводно до с. Кочилари како и вчерашниот ден. Се продолжува трагањето со редовната патрола од страна на СВР Велес. Заради временските услови, конкретно намалена видливост и зголемен водостој на р. Вардар, било утврдено дека условите денеска не дозволуваат друга поголема акција. Потрага по лицето се планира да продолжи во текот на утрешниот ден (02.01.2023 година), при што е побарано од страна на СВР Велес да бидат вклучени ДСЗ со својот тим за заштита и спасување на вода, а според одѕивот и можностите да се вклучат и доброволни друштва и кајакари, велат од ЦУК.

Инаку, хронолошки согласно документираниот итен случај, на лице место веднаш после полноќ на 31.12.2022 година, било барано телото на лицето од страна на екипа од 3 пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од СВР Велес. Истовремено преку ЦУК, паралелно со итната потрага координирана од РЦУК Велес со СВР Велес и ТППЕ Велес, биле известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК).

Од утрото вчера (31.12.2022 година), потрагата продолжила, при што биле вклучени 6 пожарникари од ТППЕ Велес и 9 полицајци од СВР Велес. Се пребарувал теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар.

The post Потрагата по жената која вчера се фрлила во Вардар во Велес ќе продолжи утре appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK