– Фудбалерите на Вухан по првпат во клупската историја ја освоија титулата во кинеската Суперлига, откако во последното коло Тијанџин го предаде натпреварот без борба.
Вухан направи вистинско мало чудо бидејќи ги освои титулите во секоја од последните три сезони. Новиот кинески фудбалски шампион пред две години триумфираше во Третата лига, а екипата лани ја освои Втората лига и избори промоција во најсилното друштво.
Екипата која ја тренира Шпанецот Мориља, а главни ѕвезди се Бразилците Давидсон и Валас, ја заврши сезоната пред ланскиот шампион Шандонг, кој, исто така, не го одигра натпреварот од последното коло против Пекинг во време кога Кина и натаму се бори со растот на бројот заразени со коронавирусот ширум земјата.
Вухан и Шандонг завршија израмнети со 78 бодови по 34 натпревари во сезоната под големо влијание на пандемијата, а Вухан ја освои шампионската титула поради подобрата гол – разлика.
Следете не, не има насекаде