Во Турција од денеска се воведува туристичка такса односно ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции.
Туристичка такса нема да плаќаат претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус.
Одлуката за туристичката такса е донесена во 2019 година, но примената на одлуката беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.
Претставниците на туристичката индустрија во Турција претходно се изјаснија против воведувањето на таксата со образложение дека тоа ќе ја ослаби конкурентската позиција на земјата, која, за разлика од многу други земји, претходно не наплатуваше туристичка такса.
Следете не, не има насекаде