ноември 24, 2024

На дрон што синоќа го погодил Киев, наводно пишувало „Среќна Нова Година“, објави Киев пост, пренесувајќи фотографии од началникот на киевската полиција.

Бројни експлозии се слушнаа во Киев и други места ширум Украина, а сирените за воздушни напади плачеа низ целата земја во првите неколку часа по полноќ на Нова година. Парчиња од проектили уништени од украинските системи за противвоздушна одбрана оштетија автомобил во центарот на главниот град, но нема повредени или жртви, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Градската воена управа на Киев соопшти дека се уништени 23 „воздушни објекти“ лансирани од Русија. Нападите уследија неколку минути по новогодишната порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој и посака победа на својата земја во војната која трае веќе 11 месеци. јт/

 This image shows the wreckage of one of the damaged #KamikazeDrones that attacked the capital last night. The drone had an inscription “#HappyNewYear” written on the body.
The pictures were published by Andriy Nebytov, the head of police in the Kyiv region. pic.twitter.com/4dMCvNYLH8

— KyivPost (@KyivPost) January 1, 2023

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK