ноември 22, 2024

Поради зголемениот број на заболени од коронавирус во Кина, Франција денеска ги повика земјите од ЕУ да воведат заштитна мерка за задолжителен негативен тест за патниците кои доаѓаат од таа земја, не постари од 48 часа.

Од вкупно 27 земји на ЕУ, Италија и Шпанија засега бараат негативни тестови за коронавирус.

Челниците на ЕУ, сепак, минатата недела не успеаја да се договорат за воведување заеднички заштитни мерки, а разговорите на оваа тема ќе продолжат оваа недела.

– Франција ќе се залага за примена на оваа методологија во ЕУ, изјави францускиот министер за здравство Франсоа Брон додека ги проверуваше новите процедури со министерот за транспорт Клемент Бон на парискиот аеродром Шарл де Гол.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK