ноември 22, 2024

Поранешниот портпарол на мисијата на НАТО во Косово, КФОР – Винченцо Грасо, вели дека северноатлантската алијанса и КФОР никогаш нема да дозволат враќање на српската војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Реагирајќи на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе се бара враќање на српската војска во Косово, согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, Грасо порача дека со ниедна одредба од таа резолуција не е предвидено тоа што го бара Белград.

„Според Резолуцијата 1244, на српскиот персонал може да му се дозволи да врши САМО четири функции и НИЕДНА од нив не е во согласност со актуелната ситуација и со намерата на г. Вучиќ, кој многу добро знае дека НАТО и КФОР никогаш нема да одобрат такво нешто“, порача Грасо преку Твитер.

Тој ја објави и одредбата на која се повикуваат Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ во најавата дека ќе бараат враќање на српските војници во Косово.

„По повлекувањето (од Косово), на одреден број југословенски и српски персонал, кој што ќе биде дополнително договорен, ќе му се дозволи да се врати за да ги врши следните функции: Поврзување со меѓународната цивилна мисија и присутните меѓународни безбедносни структури; Одбележување/чистење на минските полиња; Одржување присуство во местата на културно-историско наследство; одржување присуство на клучните гранични премини“, напиша Грасо.

Поранешниот портпарол на КФОР својата реакција ја објави во одговор на „твитот“ на новинар на приштинскиот портал „Газета експрес“, кој потсети на моментот кога, по потпишувањето на капитулацијата на српската војска во Куманово во јуни 1999 година, германскиот командант Хелмут Харф му даде на српски офицер 30 минути рок заедно со неговите војници да го напушти Косово.

МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK