На почетокот од следната недела Челси би можел да го комплетира ангажманот на Енцо Фернандез, на сините очајно им треба напаѓач.
На Челси не му оди најдобро во Премиерлигата оваа сезона, а позицијата каде што најмногу фали играч е нападот. Сините не го надополнија соодветно заминувањето на Лукаку.
Челси силно притиска за ангажман на Енцо Фернандез од Бенфика кој има откупна клаузула од 120 милиони евра.
Лондонскиот клуб е подготвен да плати и 130 милиони евра доколку Бенфика прифати отплаќањето да биде на рати.
Енцо веќе има договор со Челси, двата клуба се обидуваат да најдат начин како да се реализира трансферот.