Милиони фудбалски фанови во Аргентина излегоа на улиците и ја поздравија својата фудбалска репрезентација која ја освои титулата на Светското првенство во Катар. Улиците на Буенос Аирес беа преполни, луѓето дури скокаа од мостови на автобусот со фудбалери, а на крајот победниците мораа да се евакуираат и со хеликоптери кои ги прелетаа насобраните навивачи, пишува ХАК Ревија.
Но, моментот на прослава го искористија крадците. Стапката на криминал експлодираше во тие неколку часа, а беа уништени дваесетина автомобили. Во еден дел од градот биле украдени тркала од автомобил. Крадците по ред оделе од еден до друг и си ја „вршеле“ работата. Засега не се фатени, а прашање е дали некогаш ќе бидат пронајдени, пишува ХАК Ревија.
Следете не, не има насекаде