септември 21, 2024

Актерот Џереми Ренер е тешко повреден во несреќа додека чистел снег за време на викендот и е во критична, но стабилна состојба.

„Можеме да потврдиме дека Џереми е во критична, но стабилна состојба со повредите што ги доби по несреќата поврзана со временските услови додека фрлаше снег“, изјавил портпаролот за Холивуд Репортер.

Дедлајн објави дека Ренер со хеликоптер бил префрлен во болница. „Семејството е со него и ја има сета можна грижа“, додаде претставникот на медиумите.

Повеќе детали за несреќата се уште се непознати. 51-годишниот актер во текот на својата актерска кариера беше номиниран за два Оскари, за настапите во „The Hurt Locker“ и „The Town“. Тој стана познат по улогата на суперхеројот Клинт Бартон, исто така познат како Хоки, во филмовите на Марвел и по неговата улога во филмската франшиза Невозможна мисија.

The post Џереми Ренер тешко повреден додека чистел снег, со хелихоптер пренесен во болница appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK