Нешто по полноќ одекнала експлозија во Киев, соопштија украинските власти.
„Во главниот град одекна експлозија. Системот за противвоздушна одбрана е поставен за да го заштити Киев од руски напади“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Засега нема информации за можни жртви од експлозијата што се случи околу еден час по полноќ.
Неколку украински градови, вклучително и Киев, беа цел на руски напади во саботата. Едно лице загина, а околу 30 се повредени.
Следете не, не има насекаде