ноември 22, 2024

Тихомир А, 43-годишникот од Свети Николе кој се саниуби откако ја застрела девојката во коа бил вљубен, си го одзел живото поради невозвратена љубов. Тој бил подолго време опседнат со неа, велат локалните жители.

Тихомир долго време бил заљубен во 32-годишната девојка, постојано ја следел, и испраќал пораки, ја прогонувал.

– Девојката неколкупати го има пријавувано во полиција. Не се чувствуваше безбедно, постојано ја прогонуваше. Беше опседнат со неа. Одеше на излогот од слаткарницата ја чекаше да помине за да направи фотографија со неа, селфи и да постира на социјалните мрежи – раскажува еден од жителите на градот.

Жителите го знаат како добро момче кое работело како автомеханичар, пред трагичната вест која одекна вчера во Свети Николе.

-Сигурно немал намера да пука во неа. Тие двајца никогаш не беа во врска, ниту пак имаше нешто меѓу нив. Едноставно невозвратена љубов. Тој премногу ја сакаше, но таа ја игнорираше неговата љубов. Едноставно имаше свој живот, во кој немаше место за него. Тој ден не бил прв дентој да ја следи. Не било ништо ново за неа. Но што се слуило и како го извадил пиштолот не знам. Велат откако помислил дека ја убил си пресудил себе си. А девојката е добра и е надвор од животна опасност. Била застрелана во рамото – раскажуваат жителите.

The post Ова е автомеханичарот од Свети Николе кој се самоубило поради невозвратена љубов appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK