Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2023 година. Новороденчето, денес, го посети градоначалникот Пецаков и традиционално го дарува со пригодни подароци.
Упатувам честитки до семејството за нивната принова и им посакувам да бидат здрави, среќни и успешни, а новороденчето да израсне во среќен и успешен човек. Упатувам честитки и до лекарскиот тим задолжен за породувањето, докторите и до целиот медицински персонал.
Новороденото дете е тешко 3 килограми и 450 грама и долго 53 сантиметри. Породувањето било синоќа во 20 и 55 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.
Пишува Пецаков на социјалните мрежи
The post Првото новороденче во Новата 2023 година во Охрид е машко appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде