ноември 23, 2024

Првото бебе во Куманово е женско, родено на 2 јануари во 22:50. Таа е прва рожба на 38 годишна кумановка.

Новороденчето е 3,3 килограми 53 сантиметри, родено спонтано. И мајката и бебето се во добра здравствена состојба. На акушерскиот оддел во кумановската општа болница од први јануари, родени се уште две девојчиња.

И општината и болницата ѝ подарија на мајката соодветни подароци. Претставниците на локалната власт и болницата посакаа повеќе новороденчиња во градот, кој иако е најголема општина во државата се соочува со намален наалитет.

Се радувам што е женско, годините кога се раѓаат девојчиња се плодни и има мир. Ја посетив родилката. Во име на општината, советот, посакав здравје, среќа, изјави претседателката на советот Ивана Ѓорѓиевска.

Директорката на болницата д-р Снежана Захариева рече дека лани се родиле 846 новороденчиња.

– Се надевам на повеќе раѓања годинава. Големо родилиште сме. Се трудиме да ја унапредиме здравствената заштита на родилките. Дел сме од перимак програмата, дел сме од мрежата на шест родилишта во државата коишто се трудат да ја издигнат грижата и намалувањето на смртта кај новороденчињата и доенчињата. По укинувањето на ковид протоколите почна со работа и школата за родителство, имаме млади мајки кои добиваат помош од наши акушерки, се учат за родителството, изјави Захариева.

Таа нагласува дека се воведуваат нови методи и операции, преку обуки на соодветен кадар. Акушерското одделение преку проект Хоуп е опремено со соодветна опрема.

Доктор Софија Трајковиќ рече дека бебето и мајката се чувствуваат одлично. На одделението во текот на денот очекуваат дополнителни раѓања. На одделението има осум специјалисти и четворица специјализанти.

The post Девојче е првото бебе во Куманово во 2023 година appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK