Според неговото мислење , скокот на цените на енергијата ги турна земјите во опасна ситуација. Ако една година порано Унгарија купуваше ресурси во вредност од 7 милијарди евра, сега за нив требаше да плати 17 милијарди евра.
Оваа разлика е многу голема, истакна шефот на унгарската влада.
Орбан смета дека доколку се укинат сите енергетски санкции, цените на енергетските производи веднаш би паднале. Дополнително, би се намалила и стапката на инфлација, а во наредната година Будимпешта би можела да планира економски раст не од 1,5 отсто, туку дури и од пет отсто.