– Имаме докази за дојавите во Скопје, во Кавадарци, за дојавите во Делчево. Работиме и се уште сме на добар пат за уште еден настан за во Скопје да се открие. Во потполност сите служби кои што се во овој дел на борбата против тероризмот, сајбер криминалот, дигиталната форензика, заедно со безбедносните служби со нашите партнерски служби исклучиво сме посветени на овој дел да работи посебен кризен штаб кој што е во овој сегмент, формиран во рамките на МВР. Знаете дека се формираше и посебен оперативен штаб во Владата и таму се преземаат одредени мерки. Меѓутоа таму сигурно ќе дадат информација од Владата во однос на состојбите, рече Спасовски при посетата на Мобилната единица за безбедност на сообраќај на патиштата во Петровец.
Тој посочи дека во потполност се во функција и на откривачката дејност, меѓутоа и да се работи и во услов на превентива за да бидат заштитени граѓаните.