Извозот на гас од руската компанија Газпром надвор од земјите од поранешниот советски блок падна за 45,5 отсто во 2022 година.
Газпром ги објави овие податоци во денешната анализа на операциите во минатата година обележана со нагло намалување на испораката на руски енергетски производи во Европа како резултат на санкциите на Западот поради руската офанзива врз Украина.
Во соопштението, извршниот директор на компанијата Алексеј Милер објави дека групата извезла 100,9 милијарди кубни метри гас во 2022 година во земји „далеку во странство“, термин кој не ги вклучува поранешните советски републики.
Во 2021 година, Газпром испорачал 181,1 милијарди кубни метри гас во истите тие земји.
Следете не, не има насекаде