„И покрај глобалните пречки Туркије во 2022 година го зголеми извозот за 12,9 отсто во однос на минатата година, а вкупниот извоз изнесуваше 254,2 милијарди долари“, рече Ердоган.
Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја во 2022 година остварила извоз од 254,2 милијарди долари, што е највеќе досега.
Ердоган на церемонија одржана во Истанбул ги претстави резултатите во областа на надворешната трговиja на Туркије во 2022 година.
„И покрај глобалните пречки Туркије во 2022 година го зголеми извозот за 12,9 отсто во однос на минатата година, а вкупниот извоз изнесуваше 254,2 милијарди долари“, рече Ердоган.
„Нашата цел е Туркије да го заземе своето место меѓу 10 најголеми извозници во светот. Пред 20 години презедовме извоз од 36 милијарди долари, а денес го зголемивме за седум пати. Бројот на земји и региони во кои извезуваме во нашата национална валута достигна 197.“
Турскиот претседател рече дека очекува во првите три квартали од 2023 година да биде забележан раст на извозот од 6,2 отсто.
Ердоган потсети дека неговата земја на глобално ниво го зазема второто место во областа извоз на ТВ серии, како и дека Туркије во таа област е веднаш зад Соединетите Американски Држави (САД).
„Целта ни е во оваа година во оваа област извозот да надмине 1,5 милијарди долари и да допреме до 1,5 милијарди гледачи ширум светот“, рече Ердоган.
Следете не, не има насекаде