Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, потпиша закон со кој се дозволува телата да се претвораат во компост во таа сојузна држава
Во американската сојузна држава Њујорк одобрен е закон што овозможува претворање на човечките тела во компост по смртта.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, потпиша закон со кој се дозволува телата да се претвораат во компост во таа сојузна држава, пренесоа американските медиуми.
На овој начин, откако луѓето ќе умрат во Њујорк, нивните тела природно може да се претворат во компост или ѓубриво.
Во процесот за кој станува збор, трупот се става во ковчег што содржи растителни материјали како струготини, детелина и слама.
Мешавината од растенија во ковчегот обезбедува соодветна средина за природните микроби брзо и ефикасно да го разградат телото. Микробите го разградуваат телото во просек за еден месец.
Катрина Спејд, основач на „Рикомпос“, компанија со седиште во САД што нуди услуга за компостирање на човечки трупови, рече дека тоа е алтернатива за погребните преференции на еколошки чувствителните луѓе.
Спејд рече дека овој метод, која се нарекува и компостирање, ослободува помалку јаглерод од закопувањето или согорувањето.
Во САД, државата Вашингтон го легализира „компостирањето човечки трупови“ за прв пат во 2019 година. Овој закон беше усвоен во сојузните држави Колорадо и Орегон во 2021 година, а во Вермонт и Калифорнија во 2022 година.
Следете не, не има насекаде